Барселона со супер втор дел им нанесе тежок пораз на „светците“

Ракометарите на Барселона со одлично второто полувреме дојдоа до важна победа во првиот четвртфинален дуел против ПСЖ, триумфираа со дури осум гола разлика, 30:22.

Барселона сега на реванш дуелот, кој ќе биде одигран на 2 мај, ќе можи да си дозволи и нерешен резултат, но и пораз помал од седум гола.

До средината на првото полувреме се играше гол за гол, потоа составот на Раул Гонзалез од 5:5 дојде до 7:5. Во последните петнаесетина минути од првиот дел „светците“ најчесто водеа со два до три гола разлика, а голема заслуга за предноста на домашниот тим имаше голманот Андреас Паличка. Швеѓанецот до 20 минута имаше запишано седум одбрани. По 30 минута игра, францускиот шампион имаше активен резултат од 14:11.

Каталонскиот гигант се разбуди во вториот дел,  по десет минути игра успеа да израмни на 17:17, потоа го презеде водството во свои раце. ПСЖ немаше сили да направи камбек, додека гостите во 45 минута дојдоа и до плус пет, 23:18. Домаќините како да застанаа во последните десет минути, во кои составот на Антонио Карлос Ортега започна постепено да ја зголемува разликата за конечни 30:20.