Македонија ЃП се израдува во Автокоманда, го остави Металург РА на дното

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров ја остварија втората победа во Првата лига во рамки на групата Б откако славеа на гостувањето во Автокоманда кај екипата на Металург РA со 40:29.

Првите петнаесетина минути од натпреварот поминаа во израмнета игра и најчесто минимално водство на гостинската екипа. Металург РА неколкупати израмнуваше, но не успеа да поведе. На полувремето губеше со 14:18.

Во второто полувреме ракометарите на Македонија ЃП целосно доминираа на теренот и сигурно го водеа натпреварот кон победа. Во завршницата имаа и двоцифрена предност како што беше и на крај на дуелот.

Џулијано Хистовски и Христијан Недановски беа најефикасни во тимот на Металург РА со по осум погодоци. Во победничката екипа по шест гола постигнаа Боби Неделковски и Стефан Јордановски.