Тоскиќ го презема кормилото на познат српски клуб!?

Динамо Панчево пред неколку дена објави дека на крајот од сезоната ќе ја прекине соработката со тренерот Драган Марковиќ, иако овој тим оствари солидни резултати на домашна и европска сцена.

Раководството на српскиот суперлигаш веднаш се вклучи во потрага по нов тренер за следната сезона, а според пишувањата на порталот „Спортски журнал” веќе е пронајден наследникот на Марковиќ.

По завршувањето на тековната сезона, во клубот од Панчево би требало да пристигне екс членот на Вардар, Алем Тоскиќ, кој засега е без клупски ангажман.

42-годишниот стратег на 21 март поднесе оставка од тренерската функција на Целје, откако тогашниот негов тим не успеа да обезбеди Ф4 во Купот на Словенија.

Според споменатиот медиум, во игра за нов тренер на Динамо Панчево бил и Андреја Вукојевиќ, кој лани се врати од Израел во Србија и моментално работи во стручниот штаб на Црвена Звезда.