ПИОНЕРКИ: Завршниот турнир ќе се игра во Автокоманда в недела – еве го распоредот

Завршниот турнир во женска пионерска конкуренција ќе се одигра в недела на 28 април во салата во Автокоманда.

Ниту еден од учесниците не се пријави за организатор, па организацијата ја презема Ракометната федерација на Македонија.

Во првото полуфинале ќе играат екипите на Ѓорче Петров и Делчево Вардар, додека во втората полуфинална средба ќе се соочат Вардар и Стружанка.

Се уште актуелниот првак во оваа конкуренција, тимот на Пелистер, нема да ја брани титулата и Македонија ќе добие нов шампион.

Пионерки, Ф4, распоред на натпревари:

11:00, Ѓорче Петров – Делчево Вардар
12:45, Вардар – Стружанка
17:15, меч за трето место
19:00, финале