„Пола“ Вардар игра против Еурофарм во Битола (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник во овие моменти го играат натпреварот од третото коло во регионалната СЕХА лига против унгарскиот гигант Веспрем.

На теренот во спортската сала „Боро Чурлевски“ се некогашните вардарци Рожерио Мораес и Дејан Манасков, а тука е и тренерот Давид Дејвис, кој беше дел од „црвено-црното“ семејство.

Во Битола не допатуваа Вуко Борозан и Арпад Штербик, но тука е поранешниот кондиционен тренер на Вардар, Марија Лојаница.