Десподовска и Кобержице го срушија новиот полски шампион!

Тимот на Кобержице, каде што настапува македонската интернационалка Зорица Десподовска, го доби дербито на колот во полскиот шампионат против новиот првак.

Кобержице на домашен терен го совлада минимално шампионот Заглебје Лубин со 25-23, откако гостинскиот тим во минатото коло ја обезбеди титулата.

Десподовска беше меѓу најдобрите поединци на овој натпревар во победничкиот тим и успеа да постигне четири погодоци во гостинската мрежа.

Заглебје Лубин е недостижен на врвот со 67 бода, но Кобержице кој има 53 и се наоѓа на третото место со потврдено место во Лигата на Европа, ќе се бори за втората позиција со МКС Лублин, кој има 55 на четири кола до крајот.