Кондев со специјално видео го најави камбекот – пола човек, пола робот

Левото крило на Тиквеш, Дарко Кондев минатиот викенд имаше свој камбек на ракометните терени.

Младиот ракометар, кој не играше во првиот дел од сезоната поради повреда на рамото, во дуелот со Алкалоид имаше одличен настап

Кондев беше еден од најзаслужните за ремито против фаворизираниот тим на Кире Лазаров, гинеше во двата правци и безмалку 60 минути успешно го реметеше нападот на Алкалоид, а изгледаше дека без проблем може да го ремети уште 120 ако треба.

Членот на Тиквеш во дуелот против новиот суперлигаш постигна четири погодоци, од кои два беа во финишот кога тимот на Кире Лазаров беше пред победа и покажа дека многу вредно работел за време на рехабилитацијата, но и докажа дека во него има ракометен потенцијал за репрезентативно ниво.

Тој со специјално видео го најави камбекот и покажа дека му недостигал ракометот.