Бундес лигата го одреди ол-стар тимот, повеќе од пола се Швеѓани (ФОТО)

После завршувањето на сезоната во Бундес лигата дојдедо прогласување на најдобрите ракометари, а во првата седумка се најдоа дури четворица интернационалци од Шведска.

Најдобар голман во сезонаа која измина е Андреас Паличка од Рајн Некар. Лево крило е Марсел Шилер од Гепинген, а десно Никлас Екберг од Кил. На пивотменската позиција предност доби Антон Линдског од Вецлар.

На бековските позиции се најдоа Сандер Сагосен (Кил), Џим Готфридсон (Флензбург) и Омар Инги Магнусон (Магдебург).

Ова значи дека во тимот на сезоната во Бундес лигата имаше место за четворица Швеѓани, и по еден Германец, Норвежанец и Исланѓанец.