Дарко Георгиевски се врати во Франција

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Дарко Георгиевски, во новата сезона се враќа на интернационална сцена.

Откако во текот на минатата година, беше дел од составот на Охрид и имаше комбинации да продолжи во некој од нашите суперлигаш, сепак левиот бек се реши за трансфер во францускиот третолигаш Анжер.

Георгиевски покрај за Охрид, во Македонија играше за тимовите на Вардар, МРК Вардар, Куманово, Драчево и Пелистер, а на интернационална сцена играше во земјата на светскиот првак, две години во Монтелимар и една сезона во Белфор, а беше дел од Ред Бојс Диферданж.