Вардар доминатен во Струга – од почеток до крај

Вардар лесно „ја реши“ гостинската задача и триумфално се враќа од Струга каде „црвено-црните“ победија со 36-15 (16-8), со што повторно до крајот на ова коло ќе бидат лидери на табелата. Домашните ракометари и по ова 11. коло остануваат без освоен бод во плејофот.

Од почеток на средбата до самиот крај целосна доминација на паркетот ја имаа гостите од Скопје. Иако настапија без Стефан Петриќ, Мартин Карапалевски, Михаил Аларов и Марко Мишевски, за „црвено-црните“ немаше проблеми. Во серија ја полнеа мрежата на Струга, и само го зголемуваа водството

На полувреме предноста беше „двојна“ за гостите, кои имаа водство 16-8. Само што почна вториот дел така продолжија скопјани со прецизните шутеви, па брзо беше надмината бариерата од десет гола предност. Највисокото водство дотогаш од „плус 18“ го имаа во 44 минута кога гол постигна Марио Стојановски.

Потоа се „стабилизираше“ разликата на 16 до 18 гола предност во корист на вардарци, и сите го чекаат последниот свиреж на семафорот за да заврши средбата. Во 58 минута Алан Ќосевски прекуконтра првпат му донесе предност од 19 гола на својот тим. Грешеа домашните, а Нилтон Мело во 59 минута првпат им донесе „плус 20“ на вардарци.

Сите го чекаа последниот знак на сирената з акрај, а Ќосевски украде една топка и во контра зголеми на 36-15, што беше и конечен резултат на средбата.

Марио Стојановски и Немања Голковиќ со по 5 гола беа најефикасни кај Вардар, а по 4 дадоа Милан Алзаревски и Ален Ќосевски. Кај домашните, најмногу голови даде МЕрис Бошњак, вкупно седум.

Во следното коло Вардар е домаќин на Алкалоид, а Струга треба да гостува кај Бутел во Скопје.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120