ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… По 12 години прво интервју на тренерот кој и го донесе најголемиот репрезентативен успех на Македонија

Најуспешниот македонски ракометен тренер, Звонко Шундовски, во изминативе година дена прво како тим-менаџер, а сега како извршен спортски директор го гледаме во редовите на шампионот Еурофарм Пелистер.

Првпат по 12 години Шундовски се согласува за спортско интервју, а 24ракомет ја има честта да пренесе дел од богатата ракометна приказна која популарниот Шундо ја носи во себе, како и визијата и стратегијата која ја има за неговата најголема љубов – ракометот, за Еурофарм Пелистер и за Битола.

Зад името на Шундовски стои најголемиот успех во историјата на машката репрезентација на големите натпреварувања – петтото место на ЕП 2012 во Србија, селекторот кој за првпат нè однесе на едни олимписки квалификации. Неговото име со голема почит се споменува во Романија, каде повеќе од деценија испишуваше историја со Констанца и ЧСМ Букурешт. Како координатор на сите машки национални селекции во Израел го крена нивото на ракометот во оваа земја, а потоа имаше една егзотична авантура во Ал Рајан, пред да се врати дома.

Шундовски 22 години успешно ја гради тренерската кариера, за денеска сè што знае и сè што може вложува во матичниот клуб Еурофарм Пелистер. Мисијата која си ја има зададено себе си е да се оддолжи на клубот, кој пак, му дал сè што има како ракометен работник. Го именував како легенда, но тој остана скромен: „Не се доживувам како легенда, излегоа многу легенди. Тоа е голем збор, висока категорија!“

Читајте го утре интервјуто на Звонко Шундовски на 24ракомет.