ПАОК и Боризовска на чекор до финале во Грција

Tимот на ПАОК од Солун, каде што игра македонската интернационалка Александра Боризовска, се наоѓа на чекор до место во финалето во грчкиот плеј-оф.

ПАОК славеше на домашен терен потешко од очекувањата со 28-27 против Пилаја, но сепак успеа да поведе со 1-0 во серијата.

Македонската Боризовска имаше придонес во триумфот со три погодоци, додека најдобар стрелец беше Хаципарасиду со осум гола.

Вториот натпревар од полуфиналната серија во плеј-офот меѓу Пилаја и ПАОК на Боризовска се игра в недела од 13:00 часот.