Дарко Георгиевски има нов клуб во Франција (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Дарко Георгиевски и следната сезона останува во Франција, но ќе игра во друг клуб.

Македонецот ја продолжува кариерата во Франција и во новата сезона ќе го носи дресот на амбициозниот клуб, Ланесте. Се работи за клуб кој се натпреварува во Третата лига на Франција. Георгиевски во последните две сезони го носеше дресот на  Анже.

Тимот на Ланесте беше активен на ракометниот пазар и во новата сезона влегува со големи амбиции за подобар пласман и место во Втората лига на Франција.

Георгиевски во Македонија настапуваше за екипите на Охрид, Вардар, МРК Вардар, Куманово, Драчево и Пелистер. Во Франција две години мина во Монтелимар и една сезона во Белфор, а беше дел од Ред Бојс Диферданж од Луксембург.