Се ожени Дарко Георгиевски, меѓу гостите на свадбата беа Кузмановски, Петров, Печенковски…

Низата на ракометни свадби продолжи и овој викенд, а следен на листата е левиот бек Дарко Георгиевски.

Тој се ожени со долгодишната девојка Мони Најдовска, а на свадбата беа присутни многу ракометари меѓу кои Филип Кузмановски, Костадин Петров, Горан Печенковски, Кристијан Анастасовски…

Георгиевски минатата година беше член на босанската Слобода Тулза, а претходно го носеше дресот на Анже. Ова лето се враќа во Франција и ќе го носи дресот на

Левиот бек, кој настапуваше за репрезентацијата на СП 2021, во Македонија настапуваше за екипите на Охрид, Вардар, МРК Вардар, Куманово, Драчево и Пелистер.

Во Франција две години мина во Монтелимар и една сезона во Белфор, а беше дел од Ред Бојс Диферданж од Луксембург.