Стојановиќ: Се покажавме во добро светло против Еурофарм Пелистер

Тимот на Тиквеш не успеа да направи изненадување на Ф4 турнирот од Купот на Македонија и во полуфиналниот дуел беше поразен од Еурофарм Пелистер со 33:29.

Кавадарчани во најголемиот дел од натпреварот дадоа силен отпор, во вториот дел на двапати имаа резултатска контрола, но во финишот пресуди поголемото искуство на битолчани.

Тренерот на Тиквеш, Раде Стојановиќ, како пресуден фактор за поразот го истакна поголемиот ростер на ривалот.

,,Бевме блиску, но сепак далеку. Еурофарм Пелистер имаше поголема ротација, ние одигравме еден добар натпревар, се покажавме во добро светло против Еурофарм Пелистер, но ростерот е тој, и поради тоа таков беше и резултатот. Мислам дека имавме повеќе грешки од Еурофарм Пелистер, а ваква екипа која што има искуство од играње во ЛШ знаеше да ги казни нашите грешки“, изјави Стојановиќ.

Тиквеш сега ќе се фокусира за последните два натпревари од плеј-оф фазата, а за последните два ривали ги има Пролет и Охрид.

Ангеловски: Играчки сме катастрофа, ќе мора подобро доколку сакаме трофеј

 

Тиквеш даде силен отпор, но Еурофарм Пелистер ќе се бори за Куп трофеј