Деспина задржа уште две ракометарки за наредната сезона

Тимот на Деспина веќе го крои ростерот за претстојната натпреварувачка сезона во прволигашката конкуренција.

Левото крило Евгенија Илиева и една од најдобрите минатата сезона – кружниот напаѓач Анастасија Јованоска, и наредната сезона ќе бидат дел од прилепскиот состав.

Претходно соработките беа продолжение со голманките Ивона Ристевска и Деспина Пајкароска, левиот бек Матеа Христоска, како и пикерот Ивана Конеска.

Ветеранката Мери Гичева ќе игра и наредната сезона и ќе биде предводничка на големиот број млади ракометарки од Прилеп.

Деспина минатата сезона ја заврши на четвртото место на табелата со 26 бодови, а наредната сезона ќе има поизрамнета конкуренција во Првата лига со Овче Поле СУ, Стружанка…