Македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски во новата сезона ќе ги брани боите на чешкиот шампион Талент Плзен.
Петковски по една сезона во полскиот Азоти Пулави, ја промени средината и ќе го има втоориот интернационален предизвик.
Тој имаше одлични партии во полскиот шампионат, си заработи трансфер во Чешка и ги започна подготовките за новата сезона со новиот тим.
Талент Плзен покрај на домашно тло, ќе биде активен и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.
























