Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска својата кариера ќе ја продолжи во полскиот шампионат.
Петковска потпиша за тимот на Калиш, а ова десеттиот клуб во нејзината интернационална кариера.
Искусната Петковска кариерата ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. По одличните настапи за „црвено-црните“ започна да гради интернационална кариера..
Беше дел од турскиот Андерсен, како и данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске.
По авантурата во Данска, бранеше за српската Јагодина, израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, грчкиот АЕК Атина, италијанскиот Салерно и словачката Јувента Михаловце, пред лани да се пресели во хрватскиот Брод каде остана една сезона.
Таа е четвртата македонска репрезентативка што ќе игра во Полска по Јована Кипријановска и Ивана Арсениевска (Старт Елблаг) и Марија Гугуљанова (Пјоткровија).
























