Тимот на Алкалоид го освои трофејот во Купот на Македонија, откако славеше против Еурофарм Пелистер со 25:23 по ударите од седум метри.
По крајот на натпреварот беа доделени и индивидуалните признанија за нај голман, стрелец и МВП.
Признанието за најкорисен играч на Ф4 турнирот, односно МВП заврши во рацете на членот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски.
За најдобар голман на Ф4 турнирот од 31. издание во Купот на Македонија беше избран Иван Галевски од новиот освојувач на Куп трофејот.
Десното крило на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ, ја доби наградата за најдобар стрелец.