Охрид „ќе брка“ гол негатива во реваншот со Целје

Охрид ќе треба да надополни негатива од 1 гол на реваншот од полуфиналето на Купот на ЕХФ против Целје, што на 2 мај ќе се игра во Македонија. На првиот меч Целје победи со 27-26 (15-11). Имаа шанса во последната минута охриѓани да намалат на еден гол, но тој Савревски не ја погоди мрежата, а потоа Целје на спротивната страна исто така не успеа, откако Пилиповиќ одбрани, па во последните секунди Дарко Ѓукиќ од крило намали на само еден гол негатива.

Кристиан Пилиповиќ имаше 10 одбрани, од кои две во најважните моменти кога охриѓани се вратија во игра. Дарко Ѓулиќ даде 5 гола, а Стрмљан и Иванковиќ погодија по 4 пати.

Имаше Целје предност од 22-15 во 41 минута, и тогаш како да се разбуди Охрид, и направи серија од 4-0 намалувајќи на 22-19. Пото аразликата се намали на 23-21 во 47 минута враќајќи ја неизвесноста.

Охрид на полувреме во Словенија има негатива од 11-15 против Целје во првиот полуфинален меч од Купот на ЕХФ. Тргна македoнскиот тим одлично, поведе со 6-0 и беше во игра се 17 минута кога имаше и предност од 10-7.

Потоа следуваше период во кој домаќините направија целосен пресврт и стигнаа до израмнување, па и до водство од 15-10. Цели 13 минути Охрид немаше постигнато гол.

Домаќините останаа и без Жига Млакар кој доби директен црвен картон, но ниту тоа не го искористија нашите ракометари.

Резултатот е позитивен, и гарантира полна сала во Охрид, и нова шанса да се направи уште еден чекор напред, да се стигне до финалето.