📷 Вардар покажа зошто е лидер - „сино-белите“ удрија во „црвено-црн“ ѕид! - 24 РАКОМЕТ

📷 Вардар покажа зошто е лидер – „сино-белите“ удрија во „црвено-црн“ ѕид!

Ракометарите на Вардар славеа со 30-27 против „сино-белиот“ тим на Кирил Лазаров и сега во преостанатите четири кола од суперлигашкиот плеј-оф ќе им треба уште еден бод за и математички да ја потврдат титулата. На мечот на кој се славеше вардаровиот 65 роденден избраниците на Иван Чупиќ по првиот дел водеа против тимот од Автокоманда со 17-14. Ова беше петта победа сеознава во петтиот натпревар за Вардар во дуелите меѓу овие два тима. Сега Вардар има 54 бодови на првото место, додека на делбата на второто место се Охрид и Еурофарм Пелистер со по 44 бодови и на „црвено-црните“ момци ќе им фали само уште еден бод во „вечното дерби“, а и пораз до три гола разлика ќе ги промовира во шампиони.