Тимот на Македонија Ѓорче Петров славеше на гостински терен кај Преспа со 33-26, со одлично второ полувреме.
Избраниците на Оливер Димитриоски поведоа со 5-1, но упорните домаќини се вратија во егал 9-9. Сепак на паузата „лавовите“ заминаа со предност од два гола, 14-12.
За три минути игра во второто полувреме гостите отидоа на плус пет, 18-13 и веќе немаше дилеми околу победникот на овој дуел.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Панче Ристевски со седум и Бобан Петров со шест гола, а кај Преспа се истакнаа Христијан Ристевски со седум и Благоја Јончевски со шест погодоци.
Македонија Ѓорче Петров е петта на табелата со 29 бода, додека Преспа се наоѓа на 11 позиција со десет бода.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести
























