📸 Драма, неизвесност, три црвени картони и хепи-енд за Спартак - 24 РАКОМЕТ

📸 Драма, неизвесност, три црвени картони и хепи-енд за Спартак

Екипата на Спартак направи изненадување и славеше против екипата на Чаир со 24-23 во драматичен натпревар во второто полуфинале од Купот на Македонија. За разлика од првото полуфинале, ова беше многу понеизвесно и поинтересно, па се решаваше во последните моменти. Остри стартови на двете страни и три црвени картони, како и голмански одбрани го одбележаа овој натпревар. Ривал на Спартак во мечот за трофеј ќе биде тимот на Ѓорче Петров. Спартак за првпат во клупската историја ќе се бори за трофеј. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Андовска со осум и Божиноска со шест гола, а фантастична на голот беше Кицеска со 16 одбрани. Во составот на Чаир, голманката Митровиќ имаше 13 интервенции, а Дамчевска даде пет гола.