Чаир рутински одработи против Пелистер

Ракометарките на Чаир по болната елиминација во полуфиналето од Купот на Македонија, им се вратија на победите.

Во Супер женската лига, чаирчанки на домашен терен беа подобри од составот на Пелистер со 32-23.

На паузата, избраничките на Басри Љатифи водеа со 16-9, а во второто полувреме комплетно доминираа над ривалот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со седум гола, како и Саида Реџеп и Сара Миновска со по шест погодоци, додека кај битолчанки се истакна Ана Стојчевска со шест гола.

На табелата, Ѓорче Петров е прв со 41 бода, додека Чаир е втор со 38 бодови.