📸 Ѓорчепетровки додадоа уште еден трофеј во колекцијата – првата сезонска мисија исполнета
Екипата на Ѓорче Петров го одбрани трофејот во Купот на Македонија, откако славеше против Спартак во интересен натпревар со 33-30.Ова беше 19 трофеј во ова натпреварување за „лавиците“, а трет по ред по оние во 2024 и 2025. Само уште три екипи покрај Ѓорче Петров досега во историјата успеале да го освојат трофејот во Купот – Вардар има шест во колекцијата, Металург пет, а Куманово три трофеи во ова натпреварување. Зечевиќ даде 12 гола за Спартак, а Николовска стрелаше десет пати, додека кај Ѓорче Петров по седум пати погодија Ризоска, Гугуљанова и Исиќ.








