Тимот на Текстилец славеше против Јехона со 42-35 во натпреварот од 23 коло во прволигашката конкуренција.
Гостите од Гостивар играа одлично 25 минути и водеа со 16-14, но до паузата паднаа во ритамот, примија пет гола во серија и штипјани ја преземаа контролата, 19-16.
Во второто полувреме доминираа момците на Бобан Попов, иако гостите во еден момент намалија на минус два, 32-30, сепак немаа сили за нешто повеќе на овој дуел.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стојанов со осум, како и Атанасовски и Џинес со по седум погодоци, додека кај Јехона, Салиу даде осум гола.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.

























