Охрид поведе со 6-0, ама на полувреме Целје има предност од „плус 4“

Охрид на полувреме во Словенија има негатива од 11-15 против Целје во првиот полуфинален меч од Купот на ЕХФ. Тргна макеоднскиот тим одлично, поведе со 6-0 и беше во игра се 17 минута кога имаше и предност од 10-7.

Потоа следуваше период во кој домаќините направија целосен пресврт и стигнаа до израмнување, па и до водство од 15-10. Цели 13 минути Охрид немаше постигнато гол.

Домаќините останаа и без Жига Млакар кој доби директен црвен картон, но ниту тоа не го искористија нашите ракометари.