ТРИ ЅВЕЗДИ НА 4. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Како што најави 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет, од сезонава ќе избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“. На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеалниот тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“. Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 4. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Со вчерашниот натпревар меѓу Чаир и Металург Автокоманда беше комплетирано 4. коло, кое исто така мина без изненадување, фаворитите одработија според планот и запишаа нови бодови на свое конто.

Во изборот за ѕвезда на второто коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Вардар и Куманово.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 4. коло, резултати:

Чаир – Металург Автокоманда 29:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Деспина 28:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Спартак 41:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Стружанка 27:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Пелистер 21:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Вардар 16:37 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Астибо 21:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 4. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Адела Еленин - Куманово
51.74%
Теодора Дукоска - Чаир
44.93%
Вероника Ѓорѓиевска - Вардар
3.33%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 4. КОЛО

Теодора Дукоска (Чаир) – Дукоска повторно имаше одлична партија за својот нов клуб. Стружанката со 11 погодоци го водеше Чаир до важна победа над Металург Автокоманда од 29:23 и полека се наметнува како една од најдобрите ракометарки во единственото женско сениорско натпреварување во нашата држава.

Адела Еленин (Куманово) – Вицепрвакот за ривал во 4. коло ја имаше Деспина, триумфираше без проблеми со 28:17, a најефикасна на теренот беше Адела Еленин, која во мрежата на својот поранешен клуб постигна осум погодоци.

Вероника Ѓорѓиевска (Вардар) – Младата голманка од натпревар во натпревар покажува дека пред нејзе има светла иднина. Ѓорѓиевска во дуелот со Гевгелија бранеше одлично и со нејзините 11 одбрани беше меѓу најзаслужните за високиот триумф од 37:16.