Скопје не дозволи Стружанка да си замине со цел плен

Екипите на Скопје и Стружанка во возбудлив натпревар одиграа без победник, 27:27 (14:16), во рамки од 4. коло од Женската лига.

Иако Стружанка беше на чекор до победа, посебно со подобрата игра во последниот период од вториот дел, сепак, домашниот тим не се предаваше и во финишот од дуелот се избори за голем бод.

Членката на Скопје, Ангела Петровска, со својот прв гол во 59 минута ги постави конечните 27:27.

Наефикасни во Скопје со по седум погодоци беа Нина Неделковска и Наталија Максимовска.

Кај Стружанка исто така две ракометари имаа по седум реализации, тоа беа Теодора Маркоска и Бојана Јовановска.

Двете екипи во досегашниот тек од сезоната имаат по една победа и со денешниот бод остануваат во игра за подобар пласман на табелата.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР550015
2СКОПЈЕ640212
3АСТИБО53029
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ51043
5СТРУЖАНКА50050