Денеска на македонските терени ќе се играат седум натпревари од Супер машката лига и од Првата машка лига.
Шампионот Вардар ќе гостува кај Тиквеш во Кавадарци и ќе биде голем фаворит за нови бодови и продолжување на победничката серија, додека Куманово е во потрага по прв триумф на средбата со „витамините“ од Автокоманда.
Во прволигашката конккуренција, дуелот Пролет – Радовиш треба да донесе возбудувања, а се очекува да биде интересно и на натпреварот меѓу Аеродром и Илинден.
Ќе се играат натпревари и во Гостивар, каде Јехона го чека тимот на Македонија Ѓорче Петров, како и во Кисела Вода, каде Драчево Јуниор ќе се соочи со Овче Поле.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 Аеродром – Илинден
16:30 Јехона – Македонија Ѓорче Петров
18:00 Тиквеш – Вардар
18:30 Драчево Јуниор – Овче Поле
19:00 Пролет – Радовиш
19:00 Куманово – Мулти Есенс
19:00 Преспа – Шампион

























