Дукоска даде 11 гола, Металург Автокоманда падна во Чаир!

Тимот на Чаир, предводен од Теодора Дукоска, славеше против Металург Автокоманда со 29-23 во заостанатиот дерби натпревар од 4 коло во Женската лига. Дукоска која игра во одлична форма на стартот на оваа сезона, имаше брилијантен настап против новиот тим и постигна 11 погодоци, од кои само два беа од пенал.

Одбраната на Металург Автокоманда немаше решение за Дукоска, гостинките му парираа на Чаир во мал дел од натпреварот и на крајот мораа да се помират со втор дерби пораз по оној дома од Ѓорче Петров.

Чаир сега има 10 бодови и се наоѓа на делба на третото место на табелата, додека Металург Автокоманда ќе остане на шестата позиција со шест бодови.

Гостинките подобро го отворија натпреварот и со головите на Гугуљанова и Кралева поведоа со 3-0 по десетина минути игра. Беше и 5-3 за Металург Автокоманда, но Чаир брзо со созема по почетниот шок.

Домаќинките ја стегнаа одбраната, Дукоска беше расположена за погодоци и Чаир направи пресврт со серијата од четири погодоци, 7-5. До крајот на полувремето Чаир успеа да поведе и со шест гола, 15-9.

Во вториот дел доминираше Чаир, Митровиќ бранеше добро, а Којовиќ им фати два пенали на ракометарките на Јулијана Дамчевска и предноста на домашните се движеше од пет до седум погодоци. До крајот немаше неизвесност и Чаир рутински го приведе мечот до крајот.

Покрај Дукоска со 11 гола, во домашниот тим се истакнаа и Стефанија Ѓеоргиевска и Бојана Диневска со по четири погодоци, додека во составот на Металург Автокоманда најпрецизни беа Кралева со седум и Гулицоска со пет погодоци. Во следното коло Чаир ќе игра против Спартак на гости, а Металург Автокоманда го пречекува Скопје.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2210213