Петковски со одлична партија, Плзен реди победи во Чешка

Тимот на Талент Плзен, каде што брани македонскиот интернационалец Андреј Петковски, запиша нов триумф во чешкиот шампионат.

Талент Плзен славеше на домашен терен против Нове Весели со 29-23, а Петковски беше меѓу најзаслужните за победата.

Тој запиша 11 интервенции на голот на чешкиот првак, а противничките удари ги бранеше со 33% успешност.

По четири кола во чешкиот шампионат, Петковски и Плзен имаат три победи и едно реми, а во следното коло гостуваат кај Злин.