Вардар се прошета низ Гевгелија

Ракометарките на Вардар ја продолжија серијата без загубен бод од стартот на сезоната во Женската лига и славеа на гости кај Гевгелија со 37-16.

Во натпреварот од четвртото коло, вардарки ја обезбедија победата уште по првото полувреме кога водеа со десет гола разлика, 18-8.

Во вториот дел стручниот штаб на гостинките од Скопје им даде шанса на сите ракометарки за настап, но и покрај предноста само растеше.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ивона Трпевска со шест гола, како и Дона Тодоровска и Леона Миленковска со по пет погодоци.

Во домашниот тим, кој ќе ги бара првите бодови оваа сезона на некој од следните натпревари, Елена Димова постигна четири гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР550015
2СКОПЈЕ640212
3АСТИБО53029
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ51043
5СТРУЖАНКА50050