Вардар Неготино ја запиша првата победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеше кај Сокол Саса во Македонска Каменица со 50-29.
По ремито кај Драчево Јуниор и поразот дома од Пролет, неготинци успеаја да слават кај новиот прволигаш.
Предводник во триумфот беше левото крило Костадин Петров кој запиша 14 реализаци, додека кај Сокол Саса, Мирче Георгиев постигна дури 18 гола.
Победникот беше решен уште по првото полувремме кога гостите водеа со 28-15, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.
























