Фантастична партија на Томовски – го „збудале“ германскиот шампион!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со одличните партии во најсилната лига во светот.

Томовски бранеше фантастично на средбата меѓу неговиот Битигхајм и германскиот шампион Магдебург – запиша дури 16 интервенции.

Иако неговиот тим загуби на тешкиот гостински натпревар со 33-24, Томовски со 33% на успешност беше најдобар поединец кај гостите.

За споредба, хрватскиот двоец на голот на Магдебург, Доминик Кузмановиќ и Матеј Мандиќ, заедно одбранија 13 удари.

Ваквата форма може да само да го радува македонскиот селектор Кирил Лазаров пред Мундијалот во Германија во јануари.