Шеваљевиќ со емотивна порака се збогува со репрезентацијата (ФОТО)

Поранешниот член на Вардар, Васко Шеваљевиќ по одиграниот натпревар меѓу Црна Гора и Словенија на Светското првенство 2023, објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера.

Шеваљевиќ преку социјалните мрежи ја соопшти својата одлука за повлекување од националниот дрес на Црна Гора.

Тоа значи дека во иднина ќе настапува само на клупско ниво. Екс членот на ,,црвено црните”, моментално го носи дресот на шведскиот суперлигаш Редбергслидс.

,,Ми беше најголема чест и задоволство да бидам црногорски кадетски, јуниорски и сениорски репрезентативец и конечно капитен на репрезентацијата на земјата која ја сакам повеќе од себе. По повеќе од петнаесет години репрезентативна кариера, тешко е да се напише сѐ во неколку реченици. Петнаесет убави години кои ја одбележаа мојата спортска кариера, речиси целата моја младост, дел од животот кој не се заборава. Дојдов со крената глава, па си одам”, стои во дел од пораката на Шеваљевиќ.

34-годишниот лев бек на репрезентативно ниво ги мина сите младинските категории на Црна Гора. Најголемиот успех со својата репрезентација го постигна на Европското првенство во Унгарија и Словачка (2022) кога со неговите колеги ја освоија 11. позиција на континенталниот собир.

Освен Шеваљевиќ, од црногорската репрезентација се повлече и довчерашниот селектор Зоран Рогановиќ, кој по вчерашниот меч со Словенија реши да си поднесе оставка.

Прва селекторска оставка на СП – заминува и капитенот