Од денеска билети во продажба: Гледајте Македонија – Фарски Острови за 200 денари

Ракометната федерација на Македонија од денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови од баражот за СП 2025.

Тие се со популарни цени од 200 или 300 денари, во зависност од тоа кое место ќе изберете за седење во салата.

Билетите се продаваат онлајн на мрежата на МК Тикетс и низ сите нивни продажни места низ Македонија.

Првиот меч од двомечот што носи место на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, се игра на 8 мај во Торшавн.

Реванш натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.