Карачиќ на Фејсбук се збогува со репрезентацијата (ФОТО)

По Никола Прце и Владимир Врањеш, уште еден ракометар од редовите на репрезентацијата на БиХ ја завршува својата репрезентативна кариера. Се работи за Иван Карачиќ, брат на екс ракометарот на Вардар, Игор.

Карачиќ преку официјалната страна на социјалната мрежа Фејсбук ја соопшти својата одлука за повлекување од националниот дрес на БиХ. Тоа значи дека во иднина ќе настапува само на клупско ниво.

Ракометарот по потекло од Мостар моментално настапува за екипата на Макаби Ришон од Израел. Во својата кариера го носеше дресот на Мешков Брест, Кадетен Шафхаузен, Баја Маре, Борац, Извиѓач и Зрињски Мостар.

Одлуката на Карачиќ да ја заврши својата репрезентативна кариера е голем удар за босанската репрезентација, која ја очекува тешка битка за настап на Мундијалот во 2023 година.

БиХ во првиот бараж натпревар за противник ја има селекцијата на Грција. Доколку Босанците бидат подобри во дуелот против Грција, тогаш за мундијалска виза ќе се борат против Црна Гора.