Прва селекторска оставка на СП – заминува и капитенот

На Мундијалот во Полска и Шведска се игра главната фаза која треба да ги даде учесниците во четврт-финалето, а веќе на средината од неговото одржување ја имаме и првата оставка. Се работи за селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ кој по денешниот убедлив пораз од Словенија објави дека си заминува од селекторската позиција на Црна Гора.

Покрај селекторот Црна Гора останува и без капитенот. ВАско Шеваљевиќ најави дека ќе се пензионира од настапите за репрезентацијата. Црногорците не успеаја да стигнат до олимписките квалификации, а тоа била целта на селекторот Рогановиќ.

Не успеав, а моите ветувања беа дека ќе ја однесам репрезентацијата на Олимписките Игри. Кај мене зборот и ветувањето се поважни од се. И посакувам среќа на репрезентацијата, им изјавил Зоран Рогановиќ на црногорските медиуми по мечот.

Рогановиќ вели дека ја остава репрезентацијата во одлична форма, и дека „можеби еден ден пак ќе се врати кога би бил подобра и попаменетн“

Ги информирав и Претседателот на сојузот и репрезентативците, и не ми беше сеедно. Најважно е што ја оставам репрезентацијата во одлична форма и тоа е она што е важно. Имаме одличен тим, скоро сме пласирани на Европското првенство, оставам прекрасни ракометари и личности и тоа секако ќе му биде од корист на мојот наследник.Претседателот на сојузот, Петар Каписода сигурно ќе направи добар избор и ќе најде селектор кој ќе ги надмине нашите резултати. Можеби еден ден ќе се вратам, кога ќе бидам подобар и попаметен. Да не ги повторам истите грешки со подготовките.- заврши Рогановиќ.