Сехалигашите ќе играат регуларен дел, само шест странци, нема Втора лига…

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе неколку одлуки за системот на натпреварување во следните две сезони.

Од следната сезона, сехалигашите ќе играат и во регуларниот дел од сезоната во Суперлигата, која ќе брои 12 екипи, а по шест потоа ќе играат плеј-оф и плеј-аут.

Од сезона 2021/2022 Машката Супер лига да брои 12 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 10-то место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 11-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига од сезона 2020/2021 и победникот од Прва Лига од сезона 2020/2021, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем,

• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем
(домаќин-гостин 2 х 11 кола) вкупно 22 кола.

• По завршување на 22-ро коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите
пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6
екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата playout.
• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2
х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на
натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 22 кола , по принципот:

1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови

• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 12-то место, разигруваат по
еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во
Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот :

7-от пренесува 5 бодови
8-от пренесува 4 бода
9-от пренесува 3 бод
10-от пренесува 2 бодови
11-от пренесува 1 бод
12-от пренесува 0 бодови

По добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига,
3-от игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, 4-от, 5-от и 6-от преминуваат во Прва Лига, а првиот од Прва Лига
влегува директно во Супер Лига.

Покрај тоа беше донесена и одлука за бројот на странските ракометари од сезоната 2022/23, кој ќе биде ограничен на шест, но по две квоти. За сезоната 2021/22 бројката останува на осум странци.

1. Квота А: Максимум 3 (три) странски ракометари по произволен избор на клубовите;

2. Квота Б: Останатиот број до максимум 6 (шест) странски ракометари задолжително да имаат минимум 10 настапи за репрезентација на својата држава. 

Клубовите имаат право, сите 6 (шест) странски ракометари да ги ангажираат според спецификациите од (Квотата Б), но немаат право да ангажираат повеќе од 3 (три) ракометари по избор (Квота А). 

Ограничувањето за странските играчи се однесува ЕДИНСТВЕНО на националниот систем на натпревари при РФМ, за учество во Европските и Интернационалните клубски натпреварувања, клубовите имаат право да регистрираат неограничен број на странски играчи.

Од сезоната 2022/23 сите суперлигаши ќе имаат обврска да пријават задолжително пионерска екипа во системот на натпреварување, како и кадетска или младинска, или пак и двете.

Сите учесници во Супер Лига (машка конкуренција) започнувајќи од сезона 2022/23 година имаат обврска да пријават пионерска екипа (задолжително) и младинска или кадетска екипа во националниот систем на натпревари при РФМ. Годиштата за право на настап ќе бидат одредени на конференција на клубови пред започнување на натпреварувачката сезона 2022/23 година.

Во сезоната 2022/23, суперлигашкото друштво ќе брои 10 екипи, а потоа најдобрите шест ќе играат во плеј-оф, додека оние најслабите четири ќе разигруваат за опстанок.

Од сезона 2022/2023 Машката Супер лига да брои 10 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 8-мо место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 9-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига од сезона 2021/2022 и победникот од Прва лига од сезона 2021/2022, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем.

• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем
(домаќин-гостин 2 х 9 кола) вкупно 18 кола.

• По завршување на 18-тото коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите
пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6
екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 10-то место ќе ја формираат групата playout.

• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2
х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на
натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 18 кола , по принципот:

1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови

• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 10-то место, разигруваат по
еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 3 кола) вкупно 6 кола за опстанок во
Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 18 кола по принципот :

7-от пренесува 3 бодови
8-от пренесува 2 бода
9-от пренесува 1 бод
10-от пренесува 0 бодови
По добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига,
3-от од Супер лига play-out игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок
степен на натпреварување, 4-от Супер лига plаy-out преминува во Прва Лига, а првиот
од Прва Лига влегува директно во Супер Лига.

За следната сезона, 2021/22 година, нема да има формирање на Втора лига и сите пријавени екипи ќе играат во прволигашкото друштво, а во зависност од бројката ќе се игра во групи.

За сезона 2021/2022 сите екипи согласно остварениот пласман и ново формирани ќе се пријават во Прва Лига во сениорска машка конкуренција , без формирање на Втора Лига.