Данците „плачат“ – победничкиот гол на Јапонија не е регуларен! (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од домаќините на Мундијалот, селекцијата на Данска, доживеа непријатен шок на стартот од главната рунда.

Избраничките на Јеспер Јенсен загубија од Јапонија со гол во последните секунди со цепелин, 27-26.

Победничкиот гол беше дело на Хикару Мацумото, но данската јавност и медиумите тврдат дека победничкиот гол е нерегуларен.

„Јасно е. Јапонската репрезентативка со едната нога е на подот, и голот не требаше да биде признат. Има нарушување на правилата“, вели ракометниот експерт Ларке Мелер за данската ТВ2.

Со тоа се согласува и данскиот селектор.

„Имаше нарушување на правилата“, краток беше Јенсен.

Данска сега ја очекуваат дуели со Полска и залетаната Германија, па нема да им биде лесно на домаќинките да се изборат за четвртфинале.