„Пресвртот има име – а тоа е Никола Митревски“ (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, беше човекот заслужен за големиот пресврт на Порто кај Целје и победата со 30-29.

Порто губеше со девет разлика на стартот на вториот дел, Митревски влезе на петнаесетина минути до крајот и тогаш почна херојскиот камбек.

Тој врза три одбрани во серија, Порто израмни, а во последните неколку минути при негатива од два гола, повторно Митревски спречи Целје да погоди.

Неговите соиграчи во нападот се потрудија да погодат за 30-29, а Целје не успеа да ја реализира последната акција за реми.

Медиа тимот на ЕХФ на социјалните мрежи, кои беа полни со комплименти за македонскиот голман, напиша – „Пресвртот има име – a тоа е Никола Митревски“.