Голмански домино-ефект низ Европа

Голманот на европскиот првак Магдебург, Никола Портнер, се уште е суспендиран, иако не е докажано дека користел допинг.

Сеедно, и покрај тоа бундеслигашот таргетира евентуална замена за швајцарскиот репрезентативец, а според „Билд“, тоа е Андреас Вулф.

Шпекулацијата за трансферот на германскиот репрезентативец од Келце во Магдебург, повлече со себе уште низа такви за чувари на мрежата.

Според „Handball Basse“, доколку Келце остане без Вулф, ќе тргне во поход на Данецот Емил Нилсен од Барселона.

Но, исто како и Вулф кој има договор до 2028 со Келце, така и Нилсен е обврзан на договор со Барса до 2025 година.

Ако се знае дека каталонскиот гигант ќе остане и без услугите на Гонзало Перез Де Варгас, кој оди во Кил, тешко е за верување дека ќе му дозволи на Нилсен да замине.

Според истиот портал, Барса сепак има резервна варијанта ако Нилсен си оди – а тоа е исландскиот голман Виктор Гисли Халгримсон, кој настапува за францускиот Нант.