Позитивен и Б примерокот – Портнер го чека долга суспензија!

Голманот на Магдебург, Никола Портнер, го очекува долга суспензија од ракометните терени, откако и Б примерокот е позитивен.

Швајцарскиот репрезентативец беше позитивен на метамфетамин пред околу месец дена, се чекаше и втор тест, кој го потврди и првиот наод.

Портнер тврдеше дека е невин и дека никогаш не би користел недозволени средства и дека ќе ја докаже својата невиност.

Сега е покрената постапка против Портнер, наскоро треба да биде и позната казната, а сосема извесно договорот што голманот го има со Магдебург до 2027 година ќе биде раскинат.

Европскиот првак веќе најде преодно решение до крајот на сезоната откако го ангажира Михаел Агерфорс, а за ново засилување се споменува Андреас Вулф.