📷 Oхрид по седум сезони се враќа во Европа!

Ракометарите на Охрид се вратија на победничките патеки по поразот во Автокоманда и претходниот од Еурофарм Пелистер, и на домашен терен го совладаа составот на Пролет без поголеми проблеми со 29-22.

Со овој триумф беше потврден излезот на европска сцена, бидејќи Охрид сега има 26 бода и го обезбеди најмалку четвртото место во суперлигашкиот плеј-оф.

Ова е камбек на „гладијаторите“ на европска сцена по седум сезони, откако претходно настапуваше во ЕХФ Купот против холандскиот Волендам и португалскиот Порто.

Охрид има шанси да биде и на третото место на табелата, а во последните две кола ќе игра против Тиквеш на домашен терен и против Вардар во Скопје.