Дали Гаде е херојот на Алборг – двојната одбрана со која беше најавен пресвртот (ВИДЕО)

Ракометарите на Алборг одиграа фантастичен натпревар во првото полуфинале од завршниот турнир во Келн и го совладаа фаворизираниот тим на ПСЖ со 35:33. Иако имаше негатива и од пет гола данскиот тим успеа да направи пресврт и големо изнеандување. Еден од најзаслужните за пресвртот беше голманот на Алборг, Симон Гаде кој имаше одлично издание и неверојатни интервенции. Во клучните моменти при пет негатива и напад на противникот Гаде имаше двојна интервнеција која сигурно е една од најдобрите одбрани во сезоната. Во следното видео може да ја погледнете.