Јакобсен разочаран по поразот: Де Варгас го направи пресвртот, Кањелас не упропасти до крај!

Селекцијата на Данска беше елиминирана во полуфиналето на Европското првенство, откако загуби од Шпанија со 29-25.

Данскиот селектор, Николај Јакобсен го призна поразот и вели дека е жално што не го искористија расположениот Ландин.

„Кога ќе го погледнеме натпреварот, сосема заслужено победи Шпанија. За нас е лошо што не успеавме да ја искористиме добрата одбрана во првиот дел и пред се расположениот Ландин. Направивме многу грешки во нападот, а тоа не ни се случува често. Де Варгас беше човекот за пресврт. Им се зголеми самодовербата, можам само да кажам дека загубивме од подобриот тим денеска. Абељо беше незапирлив на десно крило и во контри. Меѓутоа мислам дека до крај не упропасти Кањелас, играше сјајно и во одбрана и во напад. Ќе се обидеме да се опоравиме и ќе дадеме се од себе да освоиме бронза“, изјави Јакобсен по мечот.

Иако беше најголем фаворит за златото, сепак Данска ќе мора да се задоволи најмногу со бронза, и со директен пласман на следното ЕП.