Симона Стојковска творец на пресвртот, Цвикау се израдува на триумф во Бундес лигата

Тимот на Цвикау, каде што настапува македонската репрезентативка Симона Стојковска, забележа триумф во Бундес лигата.

Во натпревар од 9 коло, Цвикау на домашен терен го совлада Розенгартен Бушолц, а Стојковска беше меѓу позабележителните фигури во победничката екипа.

Цвикау славеше со 25-24, а три погодоци од четири обиди беа дело на Стоковска, која патем имаше и две исклучувања.

Ривалот водеше со 19-20, но Стојковска најпрво израмни, а потоа реализираше и за 22-20, што на крајот се покажа како клучен момент.

Со оваа победа Цвикау се искачи место погоре, а следен предизвик за Македонката и нејзиниот тим ќе биде гостувањето кај Бад Виндулген на 2 јануари.