Вардар ја наполни мрежата на Деспина и се пласира на Ф4 во Купот

Ракометарките на Вардар се пласираа на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако славеа против Деспина од Прилеп со убедливи 38-20.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога девојките на Александар Царчев направија предност од шест гола, 17-11.

Вториот дел беше само формалност, во кој шанса за настап добија повеќе ракометарки, а предноста на домашните само се зголемуваше.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ивона Трпевска со осум и Магдалена Тошевски со шест, додека Весна Христоска даде исто толку за Деспина.

Покрај Вардар, претходно на завршниот турнир во Купот на Македонија се пласираа Ѓорче Петров, Металург и Куманово.

Куп на Македонија, жени, осминафинале:

Група 1
Скопје – Спартак 25-27
Ѓорче Петров – Чаир 35-30
финале, Спартак – Ѓорче Петров 18-36

Група 2
Вардар – Шампион 32-18
Деспина – Кузман Вардар 35-16
финале, Вардар – Деспина 38-20

Група 3
Стружанка – Астибо 27-19
Овче Поле СУ – Металург 25-31
финале, Стружанка – Металург 15-25

Група 4
Пелистер – Гевгелија 26:17
финале, Пелистер – Куманово 27-32