Куманово со голем камбек во Битола до пласман на Ф4

Екипата на Куманово во финалето против Пелистер од четвртата група во Купот на Македонија триумфираше со 32:27 и си обезбеди пласман на Ф4 турнирот.

Избраничките на Адријано Котевски имаа одлично прво полувреме, во кое целосно го надиграа поискусниот состав на Куманово. По нерешените 5:5 во воведниот дел, следуваше серија од 3:0 на домаќинките, кои се одлепија на 8:5 и до крајот на полувремето го диктираа темпото и одржуваа предност.

Куманово од 20 минута, па сѐ до полувремето имаше криза и му дозволи на Пелистер да ја зголеми предноста. Домаќинот пред финишот од првиот дел на неколку моменти водеше со четири до пет гола разлика.

Гостинот немаше решение за расположените Франсоа, Босилковска, Наумовска и Талева. Четирите ракометарки погодуваа кога се „кршеше“ резултатот и на својот тим му донесоа водство од 19:14 на полувреме.

Гостинот во продолжението со одлична серија од 6:0 направи целосен пресврт, го презеде водството во свои раце, односно поведе со 20:19. Домаќинките не се предаваа и рамо до рамо се бореа со тимот на Куманово, кој во последните десет минути го обезбеди пласманот на Ф4 во Купот.

Беше 25:25 во 50 минута и во тој период од натпреварот гостинот беше повеќе фокусиран, го запре налетот на домашниот тим, се одлепи на 29:25 и го водеше натпреварот до сигурна победа.

Поголемиот број на погодоци во победничката екипа беа дело на Пена Граматова и Габриела Величковска.

Граматова беше најефикасна на средбата, постигна 11 погодоци, од кои повеќето беа во моментите кога нејзиниот тим правеше пресврт, додека Величковска во голот на домаќинот постигна десет погодоци.

Кај Пелистер најефикасни беа Мари Франсоа со седум и Сандра Корлевска со пет реализации.

Куп на Македонија, жени, осминафинале:

Група 1
Скопје – Спартак 25-27
Ѓорче Петров – Чаир 35-30
19/3, 17:00, финале, Спартак – Ѓорче Петров

Група 2
Вардар – Шампион 32-18
Деспина – Кузман Вардар 35:16
19/3, 18:00, финале, Вардар – Деспина

Група 3
Стружанка – Астибо 27-19
Овче Поле СУ – Металург 25-31
19/3, 16:00, финале, Стружанка – Металург

Група 4
Пелистер – Гевгелија 26:17
финале, Пелистер – Куманово 27:32